На денешната прес-конференција, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, ја потврди првата жртва од пожарите кои ја зафатија државата.
Ангелов потврди дека жената по која се трагаше во кумановско Челопек настрадала во пожарот кој ја зафатил нејзината куќа.
„Сакам да изразам сочуство на човекот кој што вчера ја загуби сопругата. Страшно е тоа што се случи во кумановско Челопек. Еден живот е загубен. Куќите ќе ги направиме, дрвата ќе пораснат, но колку буки или борови вреди човечкиот живот? Затоа да се фокусираме на човечките животи. Државата ќе помогне да се направи нов дом, нов живот нема да се врати. Апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат блиску до пожарите веднаш да бегаат, да се евакуираат. Човечкиот живот е бесценет“, рече Ангелов.
Прес-конференција на Стојанче Ангелов - Центар за управување со кризи
Posted by MИА.mk on Thursday, August 5, 2021