Ова е вилата на Хантер Бајден, контроверзниот син на американскиот претседател – цената е вистинска „ситница“

Точка

05/08/2021

14:05

25.209

Големина на фонт

а а а

Вториот син на претседателот на САД, Џо Бајден - Хантер Бајден не ја сменил само кариерата туку и местото на живеење.

Хантер Бајден кој одлучил да стане уметник се вселил во вила која чини 20.000 долари месечно заедно со својата сопруга Мелиса Коен и едногодишниот син Бо.

Станува збор за величествен имот во сончевиот Малибу, а истиот доаѓа „во пакет“ со уметничко студио.


Хантер сака да го започне секое утро рано, односно станува во пет часот наутро, ќе се напие една шолја кафе и веднаш ќе се упати во своето ново уметничко студио кое настанало на местото на гаражата за три автомобили, а содржи под од цигли и светларник.

Вилата од речиси 450 квадратни метри нуди отворен простор со подови и панорамски поглед кон Пацификот.


Имотот на кој вилата се наоѓа има и голем двор, вградена скара, базен со џакузи.

Спалните соби имаат амбиент сличен на оној во дневната соба, окарактеризирана со бела боја со акцентирани сини елементи, совршено следејќи ја убавината на Пацификот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг