По неполна година: Милан го продава талентираното крило за тројно повисока сума од тоа што го купи

Дерби

05/08/2021

12:27

2.007

Големина на фонт

а а а

Милан ќе игра во Лигата на шампионите за првпат после неколку години во новата натпреварувачка сезона, пред која покрај тоа што мисли дополнително да се засили пред крајот на летниот преоден рок, наоѓа решенија и за играчите кои не се во плановите на Стефано Пиоли.

Таков е случајот со талентираниот Јенс Петер Хауге, младото норвешко крило кое веќе е на пат кон Германија и кое во наредните неколку часа се очекува да биде потврдено како засилување за Ајнтрахт Франкфурт.

Милан го купи младиот Хауге минатата година од Бодо Глимт за 4 милиони евра, но неполни 12 месеци подоцна, договорил тројно поскап трансфер со германскиот бундеслигаш.

Угледните италијански медиуми ова утро пренесоа дека Хауге веќе е со мислите во Франкфурт, а веста ја потврдија и германските медиуми кои потенцираат дека крилото ќе потпише петгодишен договорот со Ајнтрахт.

Целосниот трансфер ќе му донесе чиста заработка на Милан од 8 милиони евра, бидејќи инвестираните 4 милиони евра, сега ќе бидат амортизирани со 12 милиони евра од Германците. Хауге одигра 24 натпревари за Милан минатата сезона во сите натпреварувања и постигна пет гола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг