Рој Макај своевремено беше еден од најдобрите голгетери во светот и својата слава ја стекна во силниот тим на Депортиво Ла Коруња, по што следеше негов трансфер на кариерата и премин во Баерн Минхен.
Легендарниот Холанѓанец ги продолжи своите блескави изданија и во баварскиот дрес, а сега како 46-годишен ветеран, беше дел од натпреварот на легендите кои се одигра на „Алијанц арена“.
На популарниот „Пауланер“ куп се појавија познати имиња како Рибери, Елбер и Пизаро, но шоуто го украде Макај кој уште еднаш потсети дека го нема заборавено убиствениот инстинкт.
Можеби има најмалку 30 килограми повеќе од тоа што навикнавме да го гледаме во професионалната кариера, но Макај се уште го поседува расниот голгетерски потенцијал и тоа го демонстрираше со феноменална завршница со својата послаба лева нога.
Инаку, натпреварот се одигра пред 8 илјадна публика на „Алијанц арена“, а дел од спектаклот беше и олимпискиот тениски шампион, Александер Зверев.