УЕФА остана без елитен судија: Скомина поради фатална повреда става крај на кариерата

Дерби

05/08/2021

11:57

1.061

Големина на фонт

а а а

Дамир Скомина беше убедливо најдобар словенечки судија во последните неколку години и еден од најелитните во Европа, но сега 44-годишникот од Копер е приморан да стави ран крај на кариерата поради тешката повреда.

Словенечките медиуми пренесуваат дека Скомина дефинитивно нема да му се врати на професионалниот фудбал и неговиот европски сон е завршен, откако тешката повреда на коленото која ја заработи на крајот на минатата година се покажала како фатална за неговата судиска кариера.

Скомина се повреди лани на натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите меѓу Клуб Бриж и Борусија Дортмунд, средба која ќе се покажа како последна во неговиот респектабилен судиски пат, бидејќи судеше на Светските и Европските првенства, но и во големото финале меѓу Ливерпул и Тотенхем во најелитното клупско натпреварување.

Дамир требаше да суди и на Европското првенство кое неодамна заврши, но отсуството од континенталниот собир се покажа само како најава за најцрно сценарио, а тоа е предвремен крај на само 44 години.

Сепак, медиумите од Словенија информираат дека Скомина ќе остане во фудбалот како делегат на судиите во градот Копер, но ќе работи и како спортски директор во клубот Изола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг