Копал бунар, пронашол сафир: Најголем кластер на сафири, вреден 100 милиони долари - пронајден сосема случајно

Точка

04/08/2021

17:49

4.045

Големина на фонт

а а а

Властите во Шри Ланка соопштиле дека најголемиот кластер на сафири во светот е пронајден во дворот на еден трговец со накит - случајно и во кал.

Трговецот со скапоцени камења рекол дека каменот го пронашле работниците кои копале бунар во неговиот двор во Ратнапура, област богата со скапоцени камења. Се проценува дека вредноста на бледосиниот сафир е околу 100 милиони долари.

Класерот, односно џиновската грутка сафир, е тежок околу 510 килограми, односно околу 2,5 милиони карати, а веќе е наречен "Случајно пронајден сафир".

"Лицето кое го копаше бунарот не извести дека пронашол ретки камења", рекол за "BBC" сопственикот на каменот кој не сакал да го открие своето име, ниту каде живее од безбедносни причини.

Наводно, сопственикот го пронашол кластерот пред една година и за тоа ги известил властите, но ми било потребно многу време со експертите да го исчисти и да го претстави на светот.

Во текот на процесот на чистење, мали парчиња од кластерот биле истражени и било утврдено дека станува збор за висококвалитетни ѕвездени сафири, рекол сопственикот на сафирот, кој е трета генерација на трговци со скапоцени камења.

Шри Ланка е водечки извозник на сафири и други скапоцени камења. Земјата минатата година заработила околу половина милијарда долари од извоз на скапоцени камења, разни дијаманти и накит, но изгубила многу поради пандемијата, па властите се надеваат дека новото откритие ќе привлече купувачи и експерти.

"Никогаш не сум видел толку голем примерок. Овој е веројатно формиран пред некои 400 милиони години", рекол гемологот д-р Гамини Зојса.

Експертите предупредуваат дека иако станува збор за примерок од 2,5 милиони карати, не мора да значи дека секој камен во него е со висок квалитет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг