Ангелов: „За координација потребен ми е само мобилен, нема разлика дали сум во Крушево, Кочани или ЦУК“

Точка

04/08/2021

17:08

3.362

Големина на фонт

а а а

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во „Тема на денот“ на „Сител“ изјави дека пожарот во Кочани се развил неочекувано, дека бил контролиран и не постоела опасност за градот, но кога ветрот ненадејно го сменил правецот, пожарот тргнал кон градот, а градоначалникот на Кочани побарал воздушна поддршка.

„Во тој момент хеликоптерот гаснеше пожар во Старо Нагоричане каде што веќе гореа и куќи, хеликоптерот беше активен, меѓутоа јас од командантот низ разговор побарав да го пренасочи хеликоптерот кон Кочани во хеликоптерот немаше доволно гориво да отиде до Кочани и да дејствува, тој требаше да се врати до база да наполни. Ако се вратеше на аеродром да наполни гориво тогаш ќе немаше да стигне на време до Кочани и одлучено е хеликоптерот да остане во Старо Нагоричане каде што исто така имаше сериозен пожар“, рече Ангелов.

Ангелов нагласи дека средствата биле лимитирани и не е важно дали тој бил во Крушево, Кочани или во ЦУК, за онаа координација која тој ја врши потребен му е само мобилен телефон.

Штетата предизвикана од пожарите е материјална и таа ќе биде надоместена, сега е најважно дека немаме ниту повредени, ниту жртви, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг