Де Грас ги победи Американците на 200 метри

Макфакс

04/08/2021

17:07

3.384

Големина на фонт

а а а

Андре Де Грас, на 200 метри, на тронот го наследи Усеин Болт. Канаѓанецот во финалето успеа да го освои златниот медал пред американските спринтери.

Де Грас, во кариерата, има едно сребро и две бронзи од Олимпијадите, во Токио го освои првото злато.

Со извонреден финиш во последните 40 метри, тој ги победи Американците Кенет Беднареи и Ноа Лајлс.

Де Грас во финишот влезе со резултат 19.62 секунди. Ова е седмо најбрзо време во историјата на оваа дисциплина.

Беднарек го освои времето со 19.68 секунди, додека Лајлс истрча 19.74 секунди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг