Гори најголемата депонија за автомобилски гуми во светот: Миризбата е страшна, пожарот се гледа и на сателитски снимки

Точка

04/08/2021

16:19

12.643

Големина на фонт

а а а

Се запалила најголемата депонија за автомобилски гуми на светот. "Гробиштата" на кои, се проценува, "почиваат" повеќе од седум милиони фрлени гуми се наоѓа кај градот Ал Сулаиби во Кувајт, а пожарот е видлив дури и на сателитските снимки.

Видеото кое го прикажува пожарот се проширило на интернет и предизвикало силни реакции на социјалните мрежи, па, откако во вторникот станало вирално, го прегледале повеќе од милион луѓе.

На снимката се гледа густ црн чад во воздухот, а многумина се загрижиле поради загадувањето кое ќе го предизвика, но и поради климатските промени.

"Се запалија гробиштата за гуми во Кувајт. Токму кога ќе помислиш дека ситуацијата со временските услови не може да биде полоша...Не можам ни да се замислам што ќе му направи ова на нашиот воздух", напишал еден корисник.

Британски "Daily mail" во 2013-та година објавил репортажа во која наведува дека секоја година се копаат џиновски дупки во земјата во тој град за да се закопаат стари гуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг