Пред два дена во Нов Зеланд заврши снимањето на првата сезона од серијата „The Lord of the Rings“, пренесува „BBC“.
Серијата ќе се емитува на стриминг сервисот „Amazon Prime Video“. Првата епизода ќе се промовира на 2 септември 2022 година, по што секоја недела ќе излегува по една нова епизода.
На службениот профил на Твитер од серијата објавена била и првата фотографија која покажува како може да изгледа една сцена од серијата „The Lord of the Rings“.
„2 септември 2022, новата авантура почнува“, напишале тие покрај објавената фотографија.
On September 2, 2022, a new journey begins. pic.twitter.com/9tnR7WqDoA
— The Lord of the Rings on Prime (@LOTRonPrime) August 2, 2021
Само за два дена твитот е погледната над 92 илјади пати и има над пет илјади коментари од фановите.
Инаку, дејството е сместено во време на Second Age ерата, илјадници години пред дејството во романот „The Hobbit“.
Многу од странските медиуми пишуваа дека ова ќе биде најскапата серија во историјата на телевизијата.
„BBC“ наведува дека за секоја епизода од серијата потрошени се 43 милиони фунти.