Малата ќерка му приреди незаборавен дочек на својот татко шампион - мало злато повредно од олимпиското

Точка

04/08/2021

13:50

4.713

Големина на фонт

а а а

Олимпискиот шампион, Макс Витлок очекувал стандарден пречек во Лондон - голем број на луѓе кои веат знамиња, претставници од медиумите, колеги спортисти и можеби некој член од семејството. Оваа последна "група" го откажа пречекот со изговор дека не сакаат да бидат во гужва.

Тоа била слатка лага, бидејќи сите се појавиле и со себе ја понеле тригодишната ќерка Вилоу на Макс. Таа се радувала и ракоплескала пред да "полета" во татковата прегратка, а во тој момент Макс наместо олимписко го носел своето мало злато.

Макс Витлок настапувал за Велика Британија, а во екипната конкуренција стигна до четврто место. Единствена надеж му била поединечната конкуренција. Макс брилираше во коњ со рачки со речиси од 255,76 што било доволно за златен медал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг