Мегајахтата на Роман Абрамович чини 610 милиони долари: Погледнете ги првите снимки од „Solaris“ на отворено море

Точка

04/08/2021

13:00

9.747

Големина на фонт

а а а

Не е едноставна само по луксузот, туку и по безбедносниот систем.

Милијардерот Роман Абрамович, сопственикот на ФК Челси, наскоро ќе ужива во својата мегајахта „Solaris“ чие создавање било реализирано во Германија.


Неверојатното пловило долго е 140 метри, а од месец април траат неговите тестирања, додека ја обиколува Шпанија и Азурното крајбрежје.

Јахтата има осум палуби, капацитет за сместување на 36 гости и 60 членови на посадата. Но, не е едноставна само по луксузот туку и по безбедносниот систем.


Врвна опрема

Вредноста на „Solaris“ е 610 милиони долари, а пристигнува со најнапредна заштита, вклучувајќи и радар за откривање ракети, пренесува „Autoevolution“.


Двете „Azipod“ единици обезбедуваат брзина од 33 км/ч. (18 чворови), а мегајахтата може да ги достигне и најоддалечените делови од планетата.

Меѓутоа, овие податоци треба да се земат со резерва поради тоа што се основани врз шпекулации. Деталите на скапоцениот проект наскоро јавно ќе бидат соопштени.


Во наредното видео погледнете ја јахтата во полн стај:



Спонзорирани линкови

Маркетинг