Продуцентската куќа на славната глумица продадена за речиси милијарда долари!

Точка

04/08/2021

12:42

4.083

Големина на фонт

а а а

Продуцентската куќа "Hello Sunshine" чија сопственичка е Рис Витерспун е продадена за повеќе од 900 милиони долари на медиумската компанија во сопственост на Blackstone Group Inc, а филмската индустрија особено изненади со цената со оглед на тоа дека компанијата беше профитабилна дури минатата година.

Витерспун и Сара Харден, извршната директорка на компанијата "Hello Sunshine" ќе се придружи во новиот одбор на новата компанија и ќе продолжи секојдневно да го набљудува работењето.

Вол Стрит Џурнал за првпат ја објави веста за продажбата на продуцентската куќа, а сѐ уште неименуваниот медиумски потфат на компанијата Blackstone ќе го водат поранешните директори на Дизни, Кевин Мајер и Том Сагс.

"Денешниот ден е огромен момент за Hello Sunshine", рекла Витерспун.


"Ја основав оваа компанија со цел да го променам начинот на кој сите жени се претставени во медиумите. Во последните неколку години гледавме како нашата мисија напредува преку книгите, ТВ, филмовите и социјалните платформи. Денес правиме голем чекор напред со Blackstone што ќе ни овозможи да раскажеме уште позабавни, повлијателни приказни за животите на жените на глобално ниво".


Продажбата на Hello Sunshine би можела да предизвика нов бран на вакви компании, а цената за која е продадена беше изненадувачка со оглед на тоа дека е основана во 2016 година и била профитабилна дури во 2020 година.

Помеѓу успешните проекти на оваа куќа се популарните филмови "Gone Girl" и "Wild", како и ТВ сериите "The Morning Show" и "Big Little Lies".



Спонзорирани линкови

Маркетинг