Игуаин постигна два гола за победа, па ги трогна сите со емотивните зборови за починатата мајка

Дерби

04/08/2021

11:59

2.418

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами конечно стави крај на ужасната серија и победи за првпат во МЛС лигата по средината на месец мај, а херој за клубот чија сопственост е Бекам беше Гонзало Игуаин.

Искусниот аргентински напаѓач ги постигна двата гола во победата од 2:1 над Монтреал, триумф до кој тој и неговите соиграчи стигнаа со пресврт по почетната негатива.

Игуаин со огромна еуфорија ги славеше двата гола за својот тим, а по средбата, имаше емотивно обраќање на пресот после сите лоши работи кои му се случија на професионално и приватно поле.

Гонзало остана без својата мајка која ја загуби долгогодишната битка со ракот, па оваа победа и двата гола и ги посвети нејзе.

– Давањето голови е она што најдобро го знам и она што најмногу ме прави среќен, уште повеќе кога со тие погодоци му помагам на тимот да победи. Искрено, имав многу чудни чувства по двата гола, ми дојдоа во главата слики од мојата мајка. Знам дека не гледа од горе и ни дава поддршка. Ова го посветувам на моето семејство, но пред се на мојата мајка која знам дека не гледа од небото. Сигурен сум сега дека е многу среќна, – порача емотивниот Игуаин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг