Грција е уште една од земјите кои се бори со страшните пожари на повеќе локации, а како што наведуваат надлежните, во последните 24 часа избиле вкупно 81 пожар, а пожарникарите и понатаму се борат со 40 од нив кои се активни.
Најголема борба се води во северните предградија на Атина на три главни локации - Варибоби, Адамес и Тракомакедонес каде има 520 пожарникари, 17 теренски тимови и 150 противпожарни возила кои за време на ноќните часови се справуваат со огнената стихија.
Во подрачјето Варибоби огнот проголта куќа и возила, а граѓаните денес со солзи во очите ги гледаат штетите.
Огност се проширил со неконтролирана брзина, а колку е драматична ситуацијата покажуваат и снимките кои кружат на социјалните мрежи. На едно од нив се гледа како возач се обидува да ги спаси животите на патниците кои бегаат од стихијата.
Додека неговите сопатници во паника му кажуваат да побрза, возачот по има Јоргос се обидел да пронајде рута која ќе ги однесе на безбедно. Возилото поминува на неколку метри од стихијата, а возачот и понатаму дава гас за да го избегне пожарот.
Во следниот момент пред него се создава огнен ѕид. Последното што се слуша на снимката е: "Стој, вози сега, вози".
Не е познато кога точно се случи ова, но се претпоставува дека нема повредени.