Блејк Лајвли: „Гол“ фустан поради кој ниту Рајан Рејнолдс не го тргал погледот од неа

Точка

04/08/2021

21:44

10.022

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс заедно се појавиле на црвениот тепих и тоа првпат од почеток на пандемијата.

Славниот брачен пар учествувал на промоцијата на акционата комедија „Free Guy“ во Њујорк во која глуми Рајан, но главната ѕвезда сепак била неговата сопруга.


Блејк Лајвли и тоа како се потрудила да изгледа атрактивно и впечатливо во фустанот кој го носела.

Розовиот фустан со додатоци на сребрени детали во горниот дел имал големи прорези кои го откривале стомакот и грбот, па поголем дел од торзото бил откриен.


Долниот дел од фустанот паѓал до подот, а мајката на три ќерки изгледала неверојатно. Сензацуалната креација ја потпишува модниот дизајнер Прабал Гурунг од Њујорк.


И Рајан бил восхитен од изгледот на убавата сопруга во овој „гол“ фустан, па не го тргал погледот од неа, нежно прегрнувајќи ја постојано.

Стајлингот на Блејк бил збогатен со сребрени обетки и дијамантски прстен, а ефектно изгледал и сребрениот украс кој го носела во косата.


Дали ви се допаѓа?



Спонзорирани линкови

Маркетинг