Поради улогата во „Игра на тронови“ бил на лекување, а потоа...

Точка

03/08/2021

23:34

6.260

Големина на фонт

а а а

Кит Харингтон, ѕвездата на „Game of Thrones“, признал дека пред крајот на популарната серија, во која осум години го толкуваше Џон Сноу, се соочил со одредени психички проблеми, а актерот мисли дека наоѓањето време за себе била најдобрата работа која можел да ја направи.

„Имав некои психички здравствени проблеми после 'Игра на тронови' и на крајот, да бидам искрен, мислам дека тоа е директно поврзано со природата на серијата и она што го работев со години“, рекол Кит во емисијата „The Jess Cagle Show“.

Актерот додава дека после ангажманите во популарната серија направил пауза.

„После серијата реков дека не сакам да работам една година. Сакам навистина да се посветам на себе. Навистина сум среќен што го направив тоа“, рекол Кит, кој во 2019-та година поминал еден месец во луксузен здравствен центар во Конектикат.

Потоа, актерот открил дека бил возбуден што се вратил на работа после завршувањето на „Игра на тронови“, но пандемијата на Ковид-19 му ги пореметила плановите.


„Токму кога одлучив да се вратам на работа, а можев да бирам што сакам да работам, се случи пандемијата“, вели актерот.

Меѓутоа, за тоа време, кое, како што вели, му било 'подарено', се случило нешто убаво - добил син со сопругата Роуз Лесли (34).

„Најважната работа која произлезе од пандемијата е тоа што станав татко. Имав прилично неверојатно искуство во изминатава година и половина“, заклучил Кит.




Спонзорирани линкови

Маркетинг