Маж им давал инструкции на работници како да аплаудираат кога ќе пристигнат Вучиќ и Лончар на посета

Точка

03/08/2021

17:33

6.654

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави снимка која наводно настанала пред посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и министерот за здравство, Златибор Лончар, на Клиничкиот центар во Србија, а на која наводно се гледа како работниците вежбаат како да ги поздрават гостите.

На видеото се гледа маж кој им се обраќа на насобраните работници кои, како што се претпоставува, учествувале во изградбата на Клиничкиот центар во Србија.

„Ова е еден од петте најголеми клинички центри во светот, не во Србија или Балканот, не во некоја Европа, туку во светот. Што можам да ви кажам за српското здравство? Тоа беше спасено од Златибор Лончар. Ние ќе ги поздравиме вака кога ќе бидат тука, јас ќе почнам да аплаудирам, па и вие аплаудирајте“, им давал инструкции на работниците кои започнале да аплаудираат, пренесува српската „Нова“.

Претседателот на Србија истакнал дека не знае ништо за ваквата снимка.

„Не го знам тоа, но нема да ги напаѓам работниците поради тоа, како ни поради било што друго. Гледам дека тоа ве мачи каде и да добијам аплаузи, но што ќе правите, сигурно вам ви аплаудираат спонтано, а само мене наместено. Ако тоа ви помага да мислите за себе уште малку подобро и поубаво. Немам поим ни што направиле работниците, ниту го очекував тоа од нив“, одговорил Вучиќ на новинарско прашање.

Тој тврди дека неговата единствена цел била „да им подаде рака, да праша како ги преживуваат високите температури, како и дали работат напорно и дали можат навремено да ја завршат работата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг