Интер одбиле нова понуда за Лукаку – 100 милиони евра и Маркос Алонсо

Макфакс

03/08/2021

15:57

2.345

Големина на фонт

а а а

Интер одбиле уште една понуда од Челси за Ромелу Лукаку, објави „Скај Италија“.

Челси имаат намера да го вратат Белгиецот на „Стенфорд Бирџ“. Очајнички им е потребен напаѓач од светска класа, но барем засега Интер ги одбива сите понуди.

Последната била 100 милиони евра и Маркос Алонсо. Интер би се откажале од Лукаку само доколку напаѓачот побара трансфер.

Ромелу Лукаку беше играч на Челси од 2011 до 2014 година. Во тој период одигра само 15 натпревари. Потоа за 35 милиони евра се пресели во Евертон, а добрите игри во дресот на „карамелите“ му овозможија трансфер до 84,7 милиони евра во Манчетсер јунајтед.

Од 2019 година е играч на Интер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг