Рома го комплетираше трансферот, Мурињо оствари средба со својот нов напаѓач

Дерби

03/08/2021

14:25

2.525

Големина на фонт

а а а

Елдор Шомуродов го комплетираше трансфер во Рома ова попладне, по што и официјално стана нов напаѓач на португалскиот стручњак Жозе Мурињо, кој според зборовите на директорот на „волчицата“ бил главен причинителн за реализира на овој трансфер.

Во официјалното соопштение кое го испрати Рома се вели дека досегашниот соиграч на Пандев ќе го чини клубот 17,5 милиони евра, но трансферот може лесно да достигне и 20 милиони евра со оглед на лесните клаузули кои се поставени во договорот. Исто така, Џенова задржува посед од 10 посто на идната продажба на узбекистанскиот напаѓач кој има 26 години.

Шомуродов потпиша договор во времетраење од пет години, а во Рома ќе го носи дресот со број 14.

– Приклучувањето на Рома е огромен чекор во мојата кариера. Ќе направам се за да покажам дека заслужувам шанса во волку голем клуб, ќе дадам се за да возвратам на довербата, – изјави Шомуродов.

Елдор изминатава година ја имаше својата прва сезона во Серија А и постигна осум гола на 31 натпревар за Џенова, па сега останува да видиме какво влијание ќе има во тимот на Мурињо кој ќе има големи амбиции во новата натпреварувачка кампања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг