Просинечки без влакна на јазикот: За жал, не сме подготвени за натпреварот Црвена ѕвезда - Динамо Загреб

Точка

03/08/2021

13:03

3.427

Големина на фонт

а а а

Црвена ѕвезда и Динамо Загреб се потенцијални ривали во последното коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Црвено-белите прво мора да го победат Шериф во двомеч, а истото треба да го направи и Загреб со Легија.

Роберт Просинечки, кој често вели дека двата клуба ги третира како свои, во изјава за хрватски "Sportklub" не сакал многу да зборува за потенцијалната средба на поранешните клубови.

"Ми се јавија сто луѓе. На море сум, одморам. Ние не сме подготвени за овој натпревар. За жал, тоа на сите им е јасно. Што треба сега јас да кажам? Кој е подобар? Кој ќе мине понатаму? Единствено што можам да кажам е дека Шериф и Легија се сериозни препреки. Треба прво тоа да се прескокне", рекол Просинечки.


Вели дека ќе може да му се јавуваат ако Ѕвезда и Динамо навистина играат во плеј-офот на ЛШ.

"Искрено, јас најмногу би сакал да се дистанцирам од тоа. Тоа е мојот живот, еден важен дел од мојот живот, но не и најважен. И затоа немам намера да зборувам за тоа", додал Просинечки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг