Пановски повторно со остра забелешка: „Може да имате антитела до плафон, ако не се од вакцината - џабе е!“

Точка

03/08/2021

11:58

5.991

Големина на фонт

а а а

Микробиологот, доктор Никола Пановски, на својот Фејсбук профил повторно објави апел до властите во врска со вакцинацијата, со кое ја заинтригира јавноста.

„Јас сум воопшто против сертификати. Дека прележаните не треба да се вакцинираат, односно ако веќе се вакцинираат треба да се вакцинираат со една доза, кажано е повеќепати“, стои во објавата на д-р Никола Пановски.

Како што вели, властите тоа го имаат слушнато повеќепати и преку медиумите и преку социјалните мрежи.

„Значи мислењата и препораките се дадени одамна, не се прифатени од власта. СЗО или не знам кој рекол, прележаните на вакцина по еден месец!!! Може да имате антитела до плафон, ако не се од вакцина, џабе е. Ако не биле високи, со првата доза одат високо, не вреди, морало втора доза за да се добиел аусвајсот!!!! Во исто време добар број вакцинирани немаат антитела, очигледно можат да го шират вирусот, но пусулче ќе добијат“, истакнува Пановски.

Јас сум воопшто против сертификати. Дека прележаните не треба да се вакцинираат, односно ако веќе се вакцинираат треба...

Posted by Nikola Panovski on Понеделник, 02 август 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг