Финализиран разводот помеѓу Мелинда и Бил Гејтс - нето вредноста на Бил се проценува на повеќе од 130 милијарди долари

Точка

03/08/2021

12:15

5.313

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува TMZ, Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс официјално се разведени откако судијата во понеделникот го финализирал нивниот развод, што покажуваат и судски записи до кои стигнаа медиумите.

Во конечните документи за разводот се наведува дека Мелинда нема да го промени своето презиме и дека ниту Бил и Мелинда нема да примаат алиментација еден од друг.


Нето вредноста на Бил се проценува на повеќе од 130 милијарди долари, а со оглед на тоа дека не потпишале предбрачен договор, Мелинда би завршила со повеќе од 65 милијарди долари.

Мелинда Френч Гејтс наводоно барала развод во 2019 година откако се покажало дека Бил е поврзан со сега починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстајн.


Неколку седмици после официјалното соопштение и покренувањето на развод во мај, сепојавиле и извештаи кои го обвинувале Гејтс дека бил "насилник кој форсирал сексуални врски".



Спонзорирани линкови

Маркетинг