Татко го одвлекува вниманието од Олимписките игри - штрајкува со глад пред стадион во Токио бидејќи тврди дека неговите деца се киднапирани

Точка

03/08/2021

11:56

5.620

Големина на фонт

а а а

Додека целиот свет ги следи Олимписките игри во Токио, еден татко од Франција успеа да привлече внимание така што тврди дека неговите деца биле киднапирани во Јапонија.

Винсент Фишо на 10 јули започна да штрајкува со глад пред Олимпискиот стадион во Токио, а тој тврди дека неговата сопруга исчезнала од нивниот семеен дом со своите две деца пред три години и дека оттогаш не ги видел.

"Беше петок, 10 август 2018 година. Се разбудив, куќата изгледаше сосема нормално, доручкував. Кога се вратив во 18 часот, забележав дека ништо нема во куќата - мебелот, автомобилот и моите деца", раскажува тој.


Тогаш се консултирал со адвокат и кажал дека куќата е празна и не може да воспостави контакт со неговата сопруга.

"Тој многу опуштено ми кажа дека таа ги киднапираше моите деца и дека никогаш веќе нема да ги видам", се потсетува таткото.

Неговиот случај не е единствен, него му се придружиле и други родители кои не знаат каде се нивните деца. Родителите кажуваат дека поранешните јапонски сопружници им забраниле пристап после разводите.

Како што објаснува Би Би Си во Јапонија постои систем на единствено старателство - тоа значи дека кога ќе дојде до развод, само еден родител ќе добие старателство над децата. Не постои алтернатива.

Поради тоа, некои родители одлучуваат да ги киднапираат сопствените деца и да ги пријават во нивното сопствено живеалиште.


Некои адвокати во Јапонија ситуацијата ја објасниле со зборовите: "Родителите кои ги киднапираат децата - победуваат".

Фишо морал да го прекине шрајткувањето откако паднал па бил хоспитализиран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг