Историјата од Вухан се повторува? Градот од кој тргна пандемијата ги тестира сите 11 милиони жители

Точка

03/08/2021

22:33

3.228

Големина на фонт

а а а

Кинескиот град Вухан, каде коронавирусот прв пат се појави кон крајот на 2019-та година, повторно ќе ги тестира сите жители откако биле откриени неколку нови случаи на позаразната делта варијанта.

Три нови случаи на заразата се потврдени во понеделникот во градот од 11 милиони жители, откако делта сојот се појавил минатиот месец на истокот на земјата, а последните случаи на Ковид-19 во Вухан биле забележани пред тоа во мај минатата година.

"Градот започнува итно тестирање на сите жители", објавил Ли Чијанг, службеник на градската управа, на прес-конференција.


Според властите, новите случаи во Вухан, заедно со инфекциите во градовите во близина Џанжоу и Хуанган од саботата, се поврзани со случаите кои се пронајдени во градот Хуаиан во провинцијата Џангсу.

Во Кина од пролетта минатата година речиси да не случаи на зараза, но последните неколку недели се забележуваат нови, а денеска се пријавени 90 новозаразени, од кои 61 случај се локално пренесени.


Во текот на јули, најмалку 300 инфекции се потврдени во целата земја, а властите на Пекинг ги повикале жителите да не го напуштаат градот освен во итни случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг