Мицкоски до Пендаровски и Заев: Не утре, веднаш да се гаси пожарот, во Кочани е алармантно!

Нетпрес

02/08/2021

23:08

1.065

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва е во Кочани, меѓу граѓаните кои се борат против пожарите.

Бидејќи претседателот и премиерот најавија помош за утре, тој им порача:

„Не до утре да чекаат, денес да дојдат веднаш затоа што тука состојбата е алармантна. Да не чекаат до утре да се разбудат од прославата, веднаш да се нацртаат овде и веднаш да дојдат екипи да го гасат пожарот овде во Кочани. Да престанат да слават прослави кои за себе си ги подготвија и трошат на народот пари, тука да дојдат да го гасат пожарот. Ако не им е срам да се појават пред народот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг