Несекојдневно - но, за секој ден! Џеј Ло ги воодушеви Европјаните со ‘најоткачените’ фустан и чанта за ова лето

Точка

02/08/2021

23:04

9.882

Големина на фонт

а а а

Пејачката и актерка, Џенифер Лопез го започнала летувањето низ Европа со стил - голема прослава на нејзиниот 53-ти роденден.

На роденденот присуствувал нејзиниот старо-нов партнер Бен Афлек и нејзините најблиски пријатели и членови на семејството.

Потоа латино ѕвездата и актерот продолжиле насамо да уживаат на луксузна јахта, па дошол моментот Афлек да се врати во САД, додека Џеј Ло продолжила да летува во Европа.

Овие денови таа престојува во Италија, каде сите ги воодушевила со своите внимателно избрани модни изданија, а посебно паѓа во око наизглед обичниот аутфит, кој е целосно во стилот на кралицата на сексапилот - Џенифер Лопез.


Имено, пејачката е видена во Портофино за време на прошетка во која уживала во прекрасната кошула-фустан, која е наизглед класичен бел модел за секој ден.

Меѓутоа, во пределот на струкот го красат ефектни изрези, а фустанот паѓа во форма на буквата А.

Необичниот модел со миди должина чини 580 долари, а направен е од памук и сатен.


Џеј Ло одлучила да го искомбинира интересниот фустан на многу возбудлив начин. Во тоа ѝ помогнала чантата вредна 1.495 долари, поради фактот дека има необичен дизајн, а на неа доминираат нашите бои - црвената и жолтата.


Едноставно, а толку влечатливо и необично!



Спонзорирани линкови

Маркетинг