(Видео/Фото) Ситуацијата е критична: Пожар се шири во Кочани, жителите во паника, градоначалникот бара помош

Макфакс

02/08/2021

20:19

8.640

Големина на фонт

а а а

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат помош од институциите и граѓаните, а се обидуваат пожарот и сами да го изгаснат.

Според тврдења на мештаните во Белско маало, пожарот зафатил и стари куќи. Исто така кажуваат дека на терен е многу страшно и дека се слушаат и силни експлозии предизвикани од огнот.

„Кочани бара помош – нов голем пожар на чекор до првите куќи“ стои во објава објавена пред подолго време.

На терен има три противпожарни возила со повеќе екипи, велат мештаните и додаваат дека самите жители се организирани и се обидуваат да го спречат огнот да ги зафати другите куќи.

КОЧАНИ СЕ СООЧУВА СО КАТАСТРОФА‼️

ИТНА КООРДИНИРАНА ИНСТИТУЦИОНАЛНА РЕАКЦИЈА НА ДРЖАВАТА‼️

Posted by Каровски Мартин on Monday, August 2, 2021

Во пламен е и објект и стовариште на ЈП Македонски шуми. Зафатена е и зграда во населбата викана Бејрут.

Засега нема информации за човечки жртви, но граѓаните јавуваат за починати животни.

Градоначалникот Николчо Илиjев за „360 степени“ изјави дека голема опасност за градот има од три страни.

„Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне ветер. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот. Во регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни даде ноќта“, вели Илиjев.




Спонзорирани линкови

Маркетинг