Експертите пресметале: Ова се идеалните години за стапување во брак

Точка

02/08/2021

20:30

20.404

Големина на фонт

а а а

Според новото истражување било покажано дека постои идеално време за стапување во брак.

Експертите Том Грифитс и Брајан Кристијан велат дека бракот најдобро е да се склопи на 26 години.

До таа бројка тие дошле поради тоа што еднаш кога ќе се исполнат 37 отсто од завршувањето на некои работи во животот, тогаш сте ја достигнале совршената точка за носење на важни одлуки.


Односно, доколку просечна личност ја бара својата втора половина во период од животот од 18 до 40 години, тогаш 26-та година е идеална, поради тоа што поминале 37 отсто од времето во таа задача, пренесува „The Mirror“.

Според таа теорија, доколку сте помлади или постари од 26 години, а сте во брак, премногу ќе се расправате со вашиот партнер и вашата врска нема да успее.

Секако, правилото 37 отсто не е совршено поради тоа што не го објаснува фактот дека нашите вкусови нема да се сменат меѓу 18 и 40 години, тврдат експертите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг