Најдобрата хрватска атлетичарка горко заплака пред камерите поради неуспехот во Токио

Точка

02/08/2021

19:42

4.845

Големина на фонт

а а а

Најдобрата хрватска атлетичарка, Сандра Перковиќ со далечина од 65.01 метри го освои четвртото место во финалето за фрлање со диск на Олипмиските игри во Токио. Таа не го сокри ниту своето разочарување па дури ја совладале и емоциите додека давала изјава.

Откако го освои златото во Лондон и Рио де Жанеиро, Перковиќ ја пропушти шансата да стане првата атлетичарка во историјата која на Олимписките игри ќе освои три златни медали во една дисциплина.

"Не можам да кажам дека сум горда, не бев на ниво. Тешко беше натпреварувањето, не е тоа оправдување. Жал ми е за првото фрлање, дискот беше полн со вода, второто фрлање, не се прави така. Потоа почна да врне дожд, се вратив колку што можев. Се загревавме...кругот не беше добар", рекла Перковиќ додавајќи:

"Не сакам брзи и глупави кругови. Ова беа смешни далечини, а се нудеа медали. Тоа не се оправдувања, јас сум виновна. Четвртото место не е лошо, но тоа не сум јас. Морам да се фокусирам, да се вратам дома и одиме понатаму. Сакав да имам 68 метри во првата серија. Цела сезона беше тешка, одложени беа Игрите, повторно мораш да се фокусираш, да бараш жар...се борев колку можев. Повеќе среќа следниот пат".

Златото го освои Американката Валериа Алман, која уште во првата серија исфрли 68.89 метри, а второто место ѝ припадна на Германката Кристин Пуденц со 66.86, додека брозната ѝ припадна на Кубанката Јаиме Перез со 65.72 метри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг