Поплавите направиле голема штета во Италија, а на помош дојде и славниот Оскаровец: "Изгледа полошо отколку што мислев"

Точка

02/08/2021

19:27

5.794

Големина на фонт

а а а

Подрачјето околу езерото Комо во Италија неодамна поради обилните дождови било погодено со големи поплави, а Џорџ Клуни одлучил да им помогне на жителите од тој град каде и славниот глумец поседува свој имот.

Обилните дождови во вторникот предизвикале поплави и лизгалишта околу езерото Комо, а познатиот Оскаровец уште наредниот ден бил забележан како го набљудува уништеното подрачје заедно со сопругата Амал Клуни и нивните две ќерки.


Клуни во изјава за италијанските медиуми рекол дека ситуацијата е многу полоша отколку што мислел, но дека за обнова ќе им се потребни милиони долари:

"Ова е силен град, сигурен сум дека после обновата ќе изгледа уште подобро".


Градоначалникот на Комо, Роберто Поци во изјава за UK Times ги потврдил изјавите на глумецот поврзани со материјалните штети. Сепак, рекол дека не губи надеж.


"Клуни дојде во градот ден после поплавите, ги обиколи сите места. Потресен е и сака да помогне. Во тек е собирањето на средства, а мислам дека тој ќе ги искористи сите врски со цел што побрзо да ја собереме потребната сума на пари и да им помогнеме на сите кои останаа без својот дом", рекол Поци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг