Летување во Дубровник: Сопругата на Коби Брајант ѝ ја исполни долгогодишната желба на својата ќерка

Точка

02/08/2021

19:13

8.088

Големина на фонт

а а а

Сопругата на починатиот кошаркар, Коби Брајант, Ванеса Брајант заедно со своите ќерки и сопругата на шпанскиот кошаркар Пау Гасол се одмараат во Дубровник, а патувањето во овој град била голема желба на нејзината најстара ќерка, Наталија.

Ванеса на својот Инстаграм профил објави фотографии од Хрватска на кои е во друштво на своите ќерки, Наталија, Бјанка и Капри како и сопругата на Гасол.

Гасол и Брајант биле долгогодишни соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс, а пријателството на нивните сопруги трае уште од тоа време.

Во описот на едната фотографија Ванеса открила дека Дубровник беше желба на најстарата ќерка и дека нејзиниот сопруг ѝ дозволил да патува во Дубровник во склоп на училишна екскурзија која била потоа откажана.

"Сакав да ѝ овозможам на Наталија да го посети Дубровник. Преубаво е", напиша Ванеса на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг