Швеѓанец доби казна од 450 евра зошто ја бакнал девојката во јавност во Приштина

Макфакс

02/08/2021

18:36

4.558

Големина на фонт

а а а

По неколку предупредувања, припадниците на косовската полиција казнија шведски државјанин во Приштина, затоа што ја бакна својата девојка на улица.

Тоа се случило на 28 јули во близина на ноќен клуб во Приштина, пишува „Косев“.

Тој бил казнет со 450 евра за бакнување во јавност.

Како опис на прекршувањето, косовската полиција наведе дека тој „се однесувал непристојно, бакнувал во јавност, иако бил предупреден неколку пати“, објави албанската веб-страница „Калксо“.

За да се изрече оваа парична казна, полицајците се повикале на одредбата од член 6 од Законот за јавен ред и мир.



Спонзорирани линкови

Маркетинг