Нови прописи во Грција: Наставниците кои одбиваат да се вакцинираат или тестираат ќе добијат сериозни казни

Точка

02/08/2021

12:08

3.237

Големина на фонт

а а а

Вработените исто така ќе се соочат со загуба на бодови во склад со системското бодување на државната служба.

Просветните работници во Грција, кои одбиваат да се вакцинираат или редовно да се тестираат на Ковид-19 пред да се вратат во училиште, ќе се соочат со намалување на плата и други дисциплински мерки во склад со заедничката министерска одлука која моментално е во подготовка, пренесува денеска "Катимерини".


Според тврдењата на неименувани извори, новите прописи кои ги изработило грчкото министерство за образование со цел од септември да обезбеди сигурна академска година во училиштата и на универзитетите, се однесуваат на сите администратори и наставници, кои се вработени на неодредено време и по договор.


Според овие одредби, освен намалување на платата, постојано вработениот персонал исто така може да биде суспендиран од должност и да остане без плата до вакцинацијата, додека на привремениот персонал ќе му бидат суспендирани договорите.


Вработените исто така ќе се соочат со загуба на бодови во склад со системското бодување на државната служба, што ќе влијае на нивните изгледи за напредување или вработување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг