Во масовното пукање кое во саботата доцна навечер се случило во Њујорк, повредени биле најмалку десет лица.
Повредените се на возраст од 19 до 72 години, а поради повредите опасни по живот се лечат по локалните болници, соопштила локалната полиција.
Полицијата во саботата во околу 22:38 часот примила бројни повици за овој инцидент, пишува "CNN".
"Според прелиминарниот извештај, двајца мажи дошле до 37-ма авенија и почнале да пукаат од огнено оружје", рекол Глен Фрирсон од "NYPD".
"Напаѓачите тргнале кон група луѓе и испукале неколку пати, а потоа седнале на два мотоцикли управувани од други луѓе и побегнале од самото место", додал тој.
Полицијата трага по напаѓачите.