Шевченко по пет години си замина од украинската репрезентација

Макфакс

01/08/2021

18:06

2.655

Големина на фонт

а а а

Легендарниот поранешен напаѓач на Милан, Андриј Шевченко си замина од позицијата украински селектор откако му заврши договорот со федерацијата.

Шевченко успеа да ја трансформира украинската репрезентација и да има релативно успешен настап на Европското првенство ова лето, каде што загубија во четврт-финалето од Данска со 4:0. 44-годишниот Шева се пензионираше во јули 2012 со 48 гола во 111 настапи за украинсакта репрезентација, по што во јули 2016 беше именуван за украински селектор.

„Денеска завршува мојот договор со Украинската фудбалска асоцијација и по пет години со националниот тим се простувам и сум благодарен за шансата која ја добив. Со напорна работа докажавме дека сме способни да играме модерен фудбал“, напиша Шевченко на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг