Таа е копија на нејзината мајка која „тежи“ повеќе од 200 милиони долари, но е редок пример за скромна наследничка

Точка

01/08/2021

12:42

11.542

Големина на фонт

а а а

Ава Елизабет Филипе, ќерка на американската актерка Рис Витерспун и актерот Рајан Филипе, била фотографирана со своето момче Овен Махони во Лос Анџелес, а во таа прилика фановите помислиле дека станува збор за нејзините родители бидејќи сличноста е неверојатна.

Имено, 21-годишната девојка носела искинати фармерки и розов топ и шетала со своето момче за кое фановите велат дека многу потсетува на нејзиниот татко, Филипе.


Во раката носела чанта со леопардски дезен, а сите велат дека таа е копија на својата мајка и дека изгледа како неа во филмот „Legally Blonde“.


Прекрасната Ава пред 4 години се вработила во еден ресторан каде заработувала за џепарлак, и покрај фактот што Витерспун има милиони.

„Сакам мојата ќерка да остане приземна и да не биде занесена од холивудскиот гламур“, изјавила Рис во една прилика, а тоа очигледно навистина го мислела.


Станува збор за пицеријата „Pizzana“ која се наоѓа во Лос Анџелес, а како што пренесуваат светските медиуми, Ава без срам ја прифатила работата која избегнуваат да ја работат и девојки чии родители немаат милиони.

Меѓутоа, Ава отсекогаш се трудела да се однесува пристојно и да биде пример за младите, особено за оние чии родители се славни како нејзините мајка и татко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг