Папараците го фотографирале Хоакин Финикс на снимањето на филмот „Disappointment Blvd“, а за потребите на улогата, познатиот Оскаровец повторно направил трансформација.
На папарацо фотографиите, Оскаровецот изгледа многу постаро, со седа, ретка коса и со вишок килограми.
Иако деталите од филмот се чуваат во тајност, заплетот е опишан како 'интимен портрет на еден од најуспешните претприемачи на сите времиња'.
Филмот е во режија на Ари Астер (35), а заедно со Финикс ќе се појават и ѕвездите од Бродвеј, Нејтан Лејн и Пати ЛуПоне.
Ова не му е прва промена во изгледот на актерот поради улога, Хоакин за улогата Џокер изгубил неверојатни 22 килограми, поради што на крајот станал опседнат со губење килограми.