Огромна трансформација на славниот Џокер: Хоакин Финикс повеќе не изгледа вака, актерот направил драстична промена

Точка

31/07/2021

19:43

6.621

Големина на фонт

а а а

Папараците го фотографирале Хоакин Финикс на снимањето на филмот „Disappointment Blvd“, а за потребите на улогата, познатиот Оскаровец повторно направил трансформација.

На папарацо фотографиите, Оскаровецот изгледа многу постаро, со седа, ретка коса и со вишок килограми.

Иако деталите од филмот се чуваат во тајност, заплетот е опишан како 'интимен портрет на еден од најуспешните претприемачи на сите времиња'.

Филмот е во режија на Ари Астер (35), а заедно со Финикс ќе се појават и ѕвездите од Бродвеј, Нејтан Лејн и Пати ЛуПоне.


Ова не му е прва промена во изгледот на актерот поради улога, Хоакин за улогата Џокер изгубил неверојатни 22 килограми, поради што на крајот станал опседнат со губење килограми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг