Славниот глумец пристигна во Белград - познатиот Бонд ќе снима во Србија, а еве кој ќе му прави друштво

Точка

31/07/2021

14:25

4.828

Големина на фонт

а а а

Англискиот актер, Даниел Крег пристигнал синоќа во Србија по повод снимањето на филмот "Knives Out", на чија режија и сценарио се потпишува Рајан Џонсон, потврдува продуцентската куќа.

Како што е наведено, Крег бил сместен во еден хотел во Белград. Иако деталите сѐ уште не се познати, официјално е дека Крег се враќа во улогата на приватниот детектив Бено Бланк.


Покрај Крег, останатите членови на актерската екипа се Кејт Хадсон, Едвард Нортон, Дејв Батиста, Итан Хок и Лесли Одом Џуниор. После снимањето на сцените во Србија, актерската екипа ќе продолжи со снимање во Америка и Канада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг