Нови мерки во Црна Гора до 20-ти август: Во угостителски објекти само вакцинирани, прележани или со негативен тест за ковид

Точка

30/07/2021

22:49

3.766

Големина на фонт

а а а

Владата на Црна Гора донесе мерки против коронавирусот кои ќе важат од денеска до 20-ти август.

Влегување во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки е дозволено со еден од следните четири докази – дека лицето е целосно вакцинирано или примило прва доза вакцина, да има негативен ПЦР тест на коронавирус, не постар од 72 часа, доказ дека прележал Ковид-19, доказ за негативен брз антиген тест, не постар од 48 часа.

„Еден од овие услови мора да исполнуваат и сите вработени во угостителството“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора, Игор Галиќ.

Сопствениците на објектите се должни да назначат лице кое ќе го контролира поседувањето докази за вакцинација или негативни тестови.

Под истите услови, дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не можат да се контролираат во ограничен простор се одложуваат до 20-ти август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг