Црн петок за Ѓоковиќ: Се чувствувам ужасно, се надевам на барем некој медал

Макфакс

30/07/2021

18:35

2.306

Големина на фонт

а а а

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, беше најголемата надеж на Србија за две нови златни медали, но тие паднаа во вода по двата пораза во сингл и во мешани двојки во полуфиналето по што, единствено, за што може да се надева, е бронзен медал.

Со овој неуспех Србинот нема да може да го повтори успехот на Штефи Граф од 1988 година, која останува единствената тенисерка на светот која во една година ги освоила четирите гренд слема и олимписко злато во сингл.

Особено болеше поразот во сингл од Александер Зверев откако тој водеше со 6:1/3:2, па загуби 10 од следните 11 гема.

„Тоа е спортот. Тој беше подобар. Играта ми се распадна, застанав и му дадов шанса да се врати во игра. Не пристигнав свеж во Токио, бев многу изморен, но и многу мотивиран за медал. Во моментот се чувствувам ужасно, но сега ќе морам да закрепнам и да донесам барем еден медал за мојата земја“, вели Србинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг