Мртвото Море, солено езеро лоцирано помеѓу Јордан и Израел, е познато по бројните необични карактеристики.
Станува збор за езеро чија соленост изнесува дури 33 отсто, тоа е најголемата депресија во светот, во неговата водa речиси е невозможно да потонете, а има и исклучителни лековити дејства. Исто така, она што му дава посебен шарм на ова природно богатство се таканаречените солени острови.
Меѓутоа, туристите забележале една сосема необична, но и волшебна глетка недалеку од плажата Ајн Бокек. Имено, на еден од овие острови сочинет од бела сол, се издигнало дрво.
Тоа е вистинска необичност, со оглед на фактот што Мртвото море нуди мали услови за живот и преживуваат само одредени видови на микроорганизми.
Многумина се прашувале дали станува збор за случајност, игра на природата или Божјо дело. Меѓутоа, на крајот се утврдило дека таканареченото „дрво на животот“ е уметнички проект на локален автор, кој го поставил дрвото на островот и од самиот почеток се грижел за него, за секој ден да добива неопходни услови за живот и да може да расте.
Во меѓувреме, дрвото стана вистинска туристичка атракција, па секој кој ќе се упати кон Мртвото Море, не ја пропушта приликата да се фотографира покрај него.
The Dead Sea Tree
Posted by Asia Maq on Monday, November 4, 2019
A lonely tree in Dead Sea. A plant on salt island. Unique landscape in the world. The lowest place on Earth.
Posted by Duncan Oil on Thursday, May 20, 2021