Моден тренд кој се исплати: Модел на сандали кој одговара со секоја облека, а ќе се носи со години

Точка

30/07/2021

15:28

4.486

Големина на фонт

а а а

Добро е познато дека исончаниот тен е најлесно да се нагласи со бела боја, а оваа сезона токму белите сандали се едни од најбараните.

Станува збор за претежно минималистички модели кои не само што ја нагласуваат бронзената боја на кожата, туку и лесно се вклопуваат во сè што ќе облечете.

Без разлика дали претпочитате практични папучи, поелегантен модел со потпетица или сандали со ременчиња, нема да погрешите доколку ги побарате во бела нијанса.

Тие се исплатлива инвестиција бидејќи ќе ги носите со сè што имате во плакарот и тоа од лето во лето, а сега е идеална можност да го „уловите“ моделот за кој сонувате бидејќи во тек се големи летни попусти. Ова лето, белата боја е ултимативен тренд, а освен чантите во бела боја, во мода се и белите комбинации од глава до пети.




Спонзорирани линкови

Маркетинг