Науката објаснува зошто луѓето изневеруваат

Точка

30/07/2021

17:17

45.653

Големина на фонт

а а а

Причините за неверство можат да бидат разновидни, а според Бритнаскиот магазин за психологија поголемиот број на партнери и импулсивниот карактер се карактеристиките кои ја зголемуваат можноста за неверство, покрај неповрзаноста со партнерот и незадоволството во врската.

Иако, секоја врска е единствена, истражувачите од Универзитетот Квинсленд проучувале зошто луѓето се неверни и откриле дека постојат одредени фактори кои укажуваат на сѐ поголема веројатност за неверство.

Според резултатите од истражувањето, веројтаноста за неверство се зголемува кај луѓето кои имале поголем број на партнери или имаат импулсивен карактер.

Податоците објавени во Бритиш Џурнал сугерираат дека импулсивните луѓе можат едноставно да изневеруваат поради тоа што не ја разгледуваат ситуацијата туку делуваат врз основ на нивните непосредни мисли и емоции.

Покрај тоа, тие кои во минатото имале повеќе сексуални партнери се склони кон неверство и бараат други партнери бидејќи развиле одредени "вештини" во тоа подрачје.

Не е изненадување дека главната причина за неверство е неповрзаноста со партнерот и ниското задоволство во врската, а истражувачите откриле дека должината на траењето на врската и количината на посветеност на партнерот имаат минимално влијание.


За да ги разберат факторите, истражувачите анкетирале 123 хетеросексуални лица од 17 до 25 години кои биле во врска.

Покрај прашањата кои произлегуваат од задоволство и компатибилност, истражувањето исто така откри дека поголема е веројатноста мажите да имаат секс доколку изневеруваат, додека мажите и жените се подеднакво склони кон неверство кое вклучува само бакнување.

За среќа, доколку ве изневериле, тоа би можело да биде од корист - бидејќи претходно истражува за факти за раскинување открило дека жените кои биле изневерни на крајот "растат и созреваат" од тоа искуство и во иднина избираат подобри партнери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг