Колку чини изнајмување автомобил на Крф? Овогодишните цени ќе ве изненадат

Точка

30/07/2021

13:27

17.146

Големина на фонт

а а а

Ако планирате да го поминете годишниот одмор на Крф, а не одите со вашиот автомобил и сакате да го посетите островот, сметајте на малку повисока цена за изнајмување на ова возило.

Туристите кои оваа година летуваат на Крф, изненадени се од цените на кои наишле во агенциите за изнајмување автомобили. Додека претходните години изнајмувањето автомобил дневно чинеше помеѓу 30 и 40 евра, ова лето цените на Крф скокнаа од 60 на дури 100 евра на ден.

Причината за овој скок во цената е, како што објаснуваат во групата на Фејсбук „Крф на дланка“, доаѓањето на Италијанци и Германци.


Очигледно е незамисливо туристите од споменатите земји да го поминат својот одмор на едно место, а бидејќи голем број од нив заминале за Крф оваа година, тие влијаеле и врз одредувањето на цените за изнајмување автомобили.

„Во моментов е ужасно тешко да најдете изнајмен автомобил, ако најдете, тогаш тие поставуваат услов најмалку 5 или дури 7 дена, а цените се од 60 евра (ако имате среќа) до 100 евра дневно“, вели администраторката на Фејсбук групата Гога Миливојевиќ - Миласиновиќ.


Таа советува откако ќе резервирате сместување да ги проверите слободните капацитети во централниот дел на островот, каде сообраќа синиот автобус и каде може да се „фати врската со зелените автобуси“.

„Се надеваме дека оваа ситуација нема да трае долго и дека намалувањето на цените ќе започне во втората половина на август или почетокот на септември“, вели Миливојевиќ -Миласиновиќ.

Фото: freepik



Спонзорирани линкови

Маркетинг