Кои се родителите на Леонардо Дикаприо, хипи пар кој му обезбеди успех во кариерата

Точка

30/07/2021

16:30

7.763

Големина на фонт

а а а

Леонардо Дикаприо смета дека неговите родители, Џорџ и Ирмелин се заслужни за неговиот успех истакнувајќи го нивниот неконвенционален начин на живот кој влијаел на формирањето на неговиот карактер и актерска кариера.

Дикаприо е исклучително близок со двајцата родители, Ирмелин Инденбиркен и Џорџ Дикаприо, додека неговата мајка најчесто е во негова придружба на црвениот тепих или некои други важни настани. Меѓутоа, неговиот татко одиграл голема улога кога станало збор за избирање на професијата на неговиот син.

Џорџ бил уметник и дистрибутер на стрипови, а неговата мајка е германска актерка и продуцентка.


Иако таа и Џорџ се развеле кога Лео имал само 8 години, тој рекол дека и двајцата родители го израснале во убаво и нормално опкружување.

Не само што неговиот татко му давал совети, самодоверба и поддршка, туку од мали нозе го изложувал кон широкиот спектар на луѓе и начин на живот.

Дикпарио пораснал во необично опкружување со родителите кое еднаш го опишал како "боеми во буквална смисла на зборот".

Леонардо за USA Weekend во 2010 година рекол: "Во младоста бев изложен на најжестоката хипи субкултура, со стриповите на Fabulous Freak Brothers, Zap и Weirdo".

Џорџ исто така го носел Лео на рок концерти, а кога имал 20 години веќе се прославил не само со своите бројни улоги во серии, туку и со улогата во филмот "What's Eating Gilbert Grape" и "The Basketball Diaries".

Дел од успехот на Дикаприо секогаш бил изборот на сценари кое му претставувало голем предизвик како актер, поважно му било филмот да има уверлива приказна отколку да има славни имиња или многу пари.

"Мислиме дека тој е всушност вонземјанин, поврзан на поразличен начин од нас. Во него се случува нешто што не разбираме", рекол Џорџ во една прилика за својот син.

Лео за Телеграф во јануари 2016 година рекол дека на своите родители им е должен и дека ништо од ова не би направил доколку не биле тие двајца.


Посебна благодарност изразил кон својата мајка за која рекол: "Таа го поддржа ова мало дете кое еднаш кажа: "Сакам да бидам глумец на 12 години", што е смешно, но таа ме возеше на сите аудиции, таа е единствената причина што го правам ова".






Спонзорирани линкови

Маркетинг