За Ѓоковиќ олимпиското злато останува недостижен сон, Зверев направи пресврт и обезбеди место во финалето

Точка

30/07/2021

12:55

2.061

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ ниту оваа година не успеа да го освои олимпиското злато откако денес во Токио изгуби после пресвртот кој го направи Александер Зверев со резултат 2:1 во сетови.

Најдобриот тенисер на светот остана без можноста да го освои златото, единствено што му недостасува во неговата богата кариера. Исто така, ја пропушти приликата да освои Златен Слем - сите четири Гренд Слем турнири и Олимписки игри во една година.


Ѓоковиќ одлично одигра во првиот сет, доминирал во целост, направил два брејка и за 38 минути резултатот на семафорот покажуваше 6:1 за Србинот.


Но, во продолжението на натпреварот погледнавме сосема спротивен однос на силите. Во преостанатите два сета, Зверев направил пет брејка, со што резултатот станал 6:3, 6:1 и се пласираше во финале.

Зверев во финалето ќе игра против Карен Хачанов, кој во полуфиналето го совлада Пабло Карено Бусто со резултат 6:3, 6:3.

Ѓоковиќ ќе се бори за бронзен медал, односно втор олимписки медал, против Бусто, а Зверев и Хачанов ќе играат за злато.




Спонзорирани линкови

Маркетинг