Грција праќа полиција на островите кои се жаришта на Ковид: Омилените туристички дестинации под засилена контрола

Точка

30/07/2021

20:59

2.747

Големина на фонт

а а а

Грција почнала да распоредува полициски единици на најпосетените туристички острови, поради ширењето на различни соеви на коронавирусот.

Грчките власти го зголемиле присуството на полицијата на островите како Миконос и Лос, бидејќи расте загриженоста поради неуспехот на локалните претприемачи да ги испочитуваат здравствените мерки насочени кон сузбивање на пандемијата, пренесува британскиот весник "Guardian".

"Делта сојот значи дека секоја земја сега се носи четвртиот бран, а не како што се очекувало во ноември", изјавил грчкиот министер за туризам Харис Теохарис за "Guardian".

"Иако хотелите и оние кои изнајмуваат соби внимателно ги спроведуваат протоколите, во кафулињата има поголем метеж од тоа што сакаме да има, посебно меѓу младите луѓе и се обидуваме да одржиме рамнотежа", додал Теохарис.


Само на Миконос биле пратени 186 полицајци, во однос на 56-те кои биле таму стационирани минатата година.

На Лос, популарен остров меѓу младите туристи, вчера биле пратени 30 полицајци, со поддршка на службениците за безбедност и прикриените агенти.

Заменик грчкиот министер за цивилна заштита Никол Хардалијас рекол дека Миконос и Лос се на чекор од тоа властите да воведат дополнителни ограничувања, и дека загрижувачка е ситуацијата и на Закинтос, Тинос, Лефкада, Санторини, Парос и Родос.


Грчките острови во јужно Егејско море се означени со темноцрвена боја на ковид мапата на Европскиот центар за превенција и контрола на болеста, што значи дека не се препорачуваат патувања кон тој регион и надвор од него. Во таа група влегуваат 13 острови, меѓу кои и Миконос, Санторини и Родос.

Стапката на зараза пораснала меѓу луѓето на возраст од 20 до 30 години, а повеќето биле асимптоматски во земјата која досега регистирирала повеќе од 485.000 потврдени случаи на коронавируост и речиси 13.000 починати од ковид-19.

За разлика до остатокот од Европа, грчката туристичка индустрија минала релативно добро во десет недели откако таа популарна дестинација била отворена, а хотелиерите пријавиле пораст на резервации од Европејци и од патници од САД.


Посетите пораснале за 130 проценти во однос на минатата година, кога нацијата зависна од туристи доживеала пад на бројот на посетители од 75 проценти.

Приходите од туризам минатиот месец пораснале за повеќе од 400 проценти во споредба со јуни минатата година, рекол Теохарис.

"Го надоместивме изгубеното. Од 19-ти јули допатуваа околу 140.000 туристи од Велика Британија. Доаѓаат во голем број. Велика Британија е важен пазар", изјавил Теохарис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг