Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Макфакс

30/07/2021

12:08

4.996

Големина на фонт

а а а

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство.

Несреќата се случи завчера околу 13 часот, на бул.Трета Македонска ударна бригада во Куманово, кога М.П. со автомобил „форд фиеста“ удрил во паркиран автомобил „сеат толедо“ и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово, кои влегувале во возилото.

По незгодата тројцата биле пренесени во општата кумановска болница, каде што на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани повреди, а А.Х. починал.

„Првичните сознанија на обвинителството укажуваат дека осомничениот, 70-годишен жител на Куманово, не се придржувал кон прописите во сообраќајот и видно под дејство на алкохол од 1,41 г/кг го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на починатото лице и оштетените. Откако управувајќи со возилото се движел по патот без да посвети внимание на пешаците кои стоеле на коловозот до возилото кое било паркирано на десната сообраќајна лента, осомничениот со предната десна страна од патничкото моторно возило удрил во пешаците“, соопшти Обвинителството.

М.П е осомничен за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а судот му определи притвор од осум дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг